динстуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Вари во покриен сад.
Примери:
Динстува заленчук со месо.
запарат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави на пареа.
Примери:
Смесата со чоколадо ја запари.
испарат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави нешто на пареа.
Примери:
Таа го испари лицето со чај од камилица.
крчкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се готви, се приготвува полека на лесен оган.
Примери:
Гравчето се крчка во тавата.
напарат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави нешто на пареа да се стопли, да прими влага.
Примери:
Го напари лебот да омекне.
(се напари) Се изложи, се стопли на пареа.
Албански:
avullitem, pravullitem
парат
Вид збор: Глагол, несвршен
Излага на пара.
Примери:
Порите се отвораат по изложувањето на пара.
(се пари) Се излага на пара.
Примери:
Ако носот е затнат, болниот треба да се изложи на пара.
(се пари) Се капе со пара.
пурат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта пареа, испарува.
Примери:
Казаните пурат со пилешка чорба.
Изложува на дејство на пареа.
Примери:
Пред употреба, бурето го пуриме.